речник контакт

Колку сте задоволни од услугата на Спринт?

Првиот ден откако ставив кабловски Интернет бев пресреќен и полн со енергија за нови можности. Добив Интернет и локална мрежа на која можам бесплатно да разменувам документи (нешто што е дозволено).

Никола Солев

Првиот ден откако ставив кабловски Интернет бев пресреќен и полн со енергија за нови можности. Добив Интернет и локална мрежа на која можам бесплатно да разменувам документи (нешто што е дозволено). При крајот на првиот месец почнав да ја согледувам мојата заблуда и бев соочен со многу препреки, а имав многу едноставна и чиста цел. Целта ми беше поквалитетна мрежа. Тоа се обидов да го направам на два начина: мрежен Web Портал и DC HUB (p2p преку DC++). Првиот начин даваше подетални информации за документите што се сместени во Public (и не беше помалку дозволен од било кој Game Server), а вториот начин го надополнуваше недостатокот од простор во Public (беше овозможено делење на DVD филмови). DC HUb-ot воопшто не ја оптоваруваше мрежата бидејќи само служеше за комуникација, а размената на документите се вршеше директно меѓу клинетите (нешто што е дозволено преку Миранда). Што значи во кратки црти DC++ не беше ништо повеќе од еден Vypress Chat или Миранда! Целата идеја беше подобра МРЕЖА, ама изгледа некој има нешто против тоа. Најтрагично е што тоа е самиот Давател на услугата - Спринт.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »